Иако е вистинска легенда, во текот на кариерата само Интер се заинтересирал за Сколс!

by
1 минути читање

Пол Сколс целата своја кариера ја помина во Манчестер јунајтед. Тој е исклучително ценет, важи за еден од најдобрите играчи во средниот ред во светот.

Но и покрај тоа што важи за вистински фудбалски мајстор, Интер бил единствениот клуб кој посакал да го купи од Манчестер јунајтед.

„Никогаш не сум бил свесен дека некој клуб посакал да ме ангажира. Само еднаш имав телефонски повик од еден агент, стар агент на Брајан Робсон, ми заѕвони додека бевме на ЕП 2000 и ме праша дали би бил заинтересиран да се преселам во Интер, тоа беше единствениот повик кој некогаш сум го добил за трансфер“, вели Сколс.

„Никогаш не сум слушнал дека имало интерес од некој друг клуб, менаџерот никогаш не ми кажал ништо“.

„Играв во мојот клуб од детството, бев дете на Манчестер, освојувавме трофеи цело време“.

„Доколку тренерот ми кажеше дека не ме сака, дефинитивно ќе отидев во голем клуб во странство но никогаш немав потреба да помислам на Барселона, Реал Мадрид или Милан, бев во најголемиот клуб во светот“.

„Не освоивме толку многу трофеи во Лигата на шампионите колку што требаше, но бевме многу блиску до тие клубови, ако не и подобри од нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×