Хамез Родригез има повеќе опции, Манчестер јунајтед, Евертон, Јувентус и Наполи се во трката за неговиот потпис

by
1 минути читање

Хамес Родригез би
можел да биде искористен за евентуален договор помеѓу Реал Мадрид и Манчестер
јунајтед околу потенцијалниот трансфер на Пол Погба во шпанскиот гигант, а од „Црвените
ѓаволи“ под будно око ја следат ситуацијата со Колумбиецот.

По блескавите
изданија на Светското првенство во 2014. година, Родригез се пресели во Реал
Мадрид од Монако по трансферот вреден 63 милиони фунти, меѓутоа сега е на
излезна врата од „Кралскиот клуб“, нешто што е веќе пракса пред секој преоден
рок.

Родригез помина
две години на позајмица во Баерн Минхен откако не успеа да се наметне кај
Зинедин Зидан, сега Колумбиецот има повеќе опции за претстојниот летен преоден
рок, а „АС“ на оваа тема пишува дека тој избира помеѓу Премиерлигата и Серија
А.

Освен Манчестер
јунајтед, интересна опција за Родригез секако е воедно и Евертон, токму Карло
Анчелоти, тренерот на „Карамелите“ го ангажираше Колумбиецот во Реал Мадрид во
2014. година, а „Марка“ подвлекува дека тој не би имал ништо против повторно да
соработува со италијанскиот фудбалски стратег.

Јувентус и натаму
останува на својот интерес за 28 годишниот фудбалер, кој инаку го има истиот
агент како и Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш, од друга страна пак, Наполи не
се откажува во трката за неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×