Мане бил близу до трансфер во Манчестер јунајтед, за што и самиот потврдува

by
1 минути читање

Ѕвездата на
европскиот првак Ливерпул, Садио Мане открива дека многу лесно можело да се
случи да заврши во составот на Манчестер јунајтед пред да донесе конечна одлука
да направи трансфер на „Енфилд“ од Саутемптон во 2016. година, трансфер вреден
30 милиони фунти.

Како и да е,
Ливерпул не бил сериозна тема за размислување за Мане и неговиот агент пред
четири години, тие најмногу размислувале за Манчестер јунајтед, за што и самиот
фудбалер потврдува.

Ние
размислувавме најмногу за Манчестер јунајтед, тоа беше тежок период за мене, бев на клупата за резерви , не очекував дека некој ќе ме повика,
но бев пресреќен кога тоа го стори Клоп
“ открива Мане во изјава за „Тајмс“, со
што потврдува дека не очекувал повик од Ливерпул тој период.

27 годишниот
Сенегалец во четирите години досега минати во дресот на Ливерпул успеа да
постигне 59 погодоци на 118 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×