ФИФА со решение за проблемот со договорите кои истекуваат на 30. јуни и летниот преоден рок

by
1 минути читање

ФИФА на состанок со комитетот на фудбалски акционери, претставници на клубовите, играчите, лигите, националните федерации и конфедерации донесе неколку заклучоци за која поради коронавирусот се потребни нови, прилагодени правила.

Дел од фудбалерите имаат важечки договори со клубовите до 30 јуни, а сезоната сигурно ќе трае подолго. ФИФА одлучи дека договорите ќе можат да бидат продолжение се додека не заврши сезоната.

Проблем е и преодниот рок, ФИФА го поместува периодот за ангажман на нови фудбалери. Тој би требало да биде во паузата меѓу двете сезони, датумите дополнително ќе бидат утврдени.

„Пандемијата Ковид-19 јасно е дека ги помести сите фактички околности околу фудбалот оваа сезона“, вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Па, ФИФА заедно со акционерите, дојде до некои практични идеи и предлози за решавање на овие околности“.

„Иако ова нема да го реши секој проблем, потребно е да се донесат мерки за стабилност и јасност во фудбалот за оваа блиска иднина“.

„Една работа им е јасна на сите, посебно сега, здравјето е на прво место, а потоа фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×