165
Херојот на Турција кој беше еден од најзаслужните што Турција стигна до полуфиналето на Светското првенство во 2002 година, Речбер Рушту ја доби битката со коронавирусот.
Откако неговата состојба се влоши, тој десетина дена помина во болница, но сега е пуштен дома.
„Колку прекрасен ден, фала му на Бога. Мојот сопруг е пуштен по тешки 11 дена. Не сум потплно среќна бидејќи има многу пациенти во болниците кои во моментов се опоравуваат… ќе продолжам да се молам за сите тие кои се борат за живот под интензивна нега“, напиша сопругата на Рушту на социјалните мрежи.