218
Клубот на твитер излезе со тажно соопштение во кое информира дека Пеп Гвардиола ја загубил својата мајка поради коронавирусот.
„Манчестер Сити фамилијата со голема тага информира дека денес почина мајката на Пеп, Долорс СалаКариовоМанреса, Барселона од коронавирус. Таа имаше 82 години. Сите поврзани со клубот испраќаат сочувство во овој страшен момент за Пеп, неговата фамилија и неговите пријатели“, се вели во соопштението на Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола минатиот месец донираше еден милион евра во Шпанија за борбата против коронавирусот.
По бројот на случаи на коронавирус Шпанија е втората најзагрозена земја во светот, прва е САД.