Јувентус во
напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус гледа примарен таргет на трансфер
пазарот, а италијанскиот првак планира во пакетот понуда да го вметне и Даглас
Кошта.
29 годишниот
Кошта претходно соработуваше со Пеп Гвардиола во Баерн Минхен, меѓутоа не е во
преден план во составот на „Старата дама“ оваа сезона која бележи суспензија
поради коронавирусот.
Според пишувањата
на „Калчомеркато“, во Јувентус се надеваат дека ќе постигнат договор со „Граѓаните“,
особено поради тоа што би го вметнале и Бразилецот во понудата.
Од друга страна,
се верува дека Жесус е фрустриран од статусот „резерва“ на Серхио Агуеро подолг
период, тој јасно порачуваше дека посакува поголема минутажа, меѓутоа таквите
апели не вродија со плод.
Агентот на Жесус,
Џовани Бранчини претходно не ја отфрли можноста неговиот клиент да се пресели
во Италија во иднина, а со оглед на очекувањата дека Гонзало Игуаин ќе си
замине претстојното лето, во „Старата дама“ веруваат дека Жесус би бил одлично решение
во нападот.