Ливерпул е помеѓу
малкумината клубови во Премиерлигата кои одлучија да „удрат“ по џебот на својот
персонал, односно лица вработени во клубот кои не се фудбалери, практично,
тимот од „Енфилд“ аплицираше до тамошните власти кои имаат финансиска помош до
сите оние загрозени од финансиски карактер во пандемијата од коронавирусот.
Со оваа одлука,
водечкиот клуб во Премиерлигата им се приклучи на Њукасл, Тотнем, Борнмут и
Норич кои веќе објавија дека персоналот ќе биде погоден од кризата со
коронавирусот, а како за илустрација, персоналот ќе добива 80% од својата плата од владината мерка, со
државни пари, а останатите 20% од нивните плати ќе ги покрива Ливерпул.
Вработен во
Ливерпул, во разговор со „ББС Спорт“ вели дека е разочаран од одлуката на
клубот, побара да биде анонимен за јавноста.
„Клубот своите
вработени ги нарекува семејство, јас не се чувствувам како дел од тоа семејство“
вели тој.
„Зошто клуб кој
врти милиони фунти користи владина поддршка за своите вработени
кога постојат други бизниси на кои им се повеќе потребни овие пари?“ запраша
тој.
„Се чувствувам
разочарано, чувствувам дека владините мерки можат да бидат злоупотребувани, а
воедно бизнисот кому му се потребни овие средства ќе трпи“. заклучи тој.
Вработениот од
Ливерпул додава дека во клубот постои голема разочараност поради оваа одлука,
најмногу од фактот што големиот градски ривал Евертон реши да не го стори
истото кон своите вработени.