205
Лука Јовиќ и
Никола Нинковиќ направија голем скандал минатиот месец откако по враќањето во
Белград од Шпанија односно Италија, не се придржуваа до марките за задолжителна
изолација од 14 дена.
Тогаш,
претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се закани дека ќе завршат во
затвор доколку не се придржуваат до мерките и дека нема да им биде прогледано
низ присти поради тоа што се милионери.
Двајцата се
спасија, но таква среќа немаше Александар Пријовиќ. Повремениот српски
репрезентативец синоќа завршил зад решетки.
Фудбалерот на Ал
Итихад со своето дружтво се пијанчел во барот на еден хотел во Белград за време
на полоцискиот час, па веднаш бил уапсен.