159
Голем број на
фудбалери имаат необични имиња за своите миленици. Кучето на Алваро Арбелоа се
вика Роналдо, Иско пак го крсти своето куче Меси. Санти Казорла реши својот
миленик да го вика Златан, а Швеѓанецот е заслужен и за името на кучето на
Марк ван Бомел.
Листата сигурно е
долга, а ново име на неа е Маркос Љоренте. Шпанецот минатиот месец го имаше
мечот на кариерата кога на гостувањето кај Ливерпул постигна два гола и го
елиминираше актуелниот шампион во ЛШ.
Фудбалерот на
Атлетико Мадрид реши своето куче да го крсти Енфилд, името на култниот стадион
на „црвените“.
