Педро Нето сведочи како Вулверхемптон сериозно се поставил во пандемијата со коронавирусот

by
2 минути читање

Дека
Вулверхемптон сериозно се поставил за максимално да го заштити својот персонал,
доволно говори изјавата на напаѓачот на овој Премиерлигаш, Педро Нето, кој
открива дека клубот дури им забранил на фудбалерите да одат до маркетите во
периодот на пандемија со коронавирусот.

Составот на Нуно
Еспирито Санто има неверојатна сезона зад себе, сосема залужено ги освои
симпатиите кај љубителите на фудбалот, а Вулверхемптон по 29 одиграни кола во
Премиерлигата се наоѓа на шестото место, со отворени шанси дури и за место во
Лигата на шампионите идната сезона.

„Луѓето се разболуваат и умираат а ние играме фудбал…“ – тренерот на Волвс жестоко распали по фудбалските власти

„Дејли Мејл“
пишува дека фудбалерите на Вулверхемптон изминатиов период ја следат активно
програмата на клубот за индивидуални фитнес тренинзи од нивните домови, во
исчекување на можните сценарија околу тоа дали ќе продолжи, или воопшто нема да
продолжи актуелната сезона.

Ние ги одржуваме
контактите меѓусебно преку „ВатсАп“ апликацијата, од клубот постојано ни
говорат за тоа како да останеме заштитени во оваа состојба, постојано ни
препорачуваат да не ги напуштаме домовите, а воедно и да ги избегнуваме
маркетите
“ вели Педро Нето.

Клубот не
снабдува со храна, како и со одредени потребни работи, со тоа ние немаме
никаква потреба да излегуваме од своите домови, ова е тешко, но од клубот имаме
максимална поддршка во овие моменти
“ додава 21 годишниот Португалец кој на 21
настап сезонава постигна 2 гола.

Сево ова ми
излега помалку чудно, но истовремено и многу комплицирано бидејќи ние сме во
домовите, не го правиме тоа што ни се допаѓа, да се биде без фудбал е исто како
да се биде без еден дел од нашите животи
“ посочи Нето.

Пред извесен
период неговиот сонародник и тренер Нуно Еспирито Санто жестоко распали по
фудбалските власти откако неговиот тим беше принуден да гостува кај грчки
Олимпијакос во Лига Европа во првиот меч од осминафиналето (1-1), наведувајќи
дека апсурдно е да се игра фудбал во ситуација кога луѓето ширум светот се
разболуваат и ги губат своите животи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×