Претседателот на
италијанскиот прволигаш Бреша, Масимо Челино бурно реагираше кон своите колеги
од другите клубови во тој шампионат кои инсистираат на продолжување на сезната
и покрај големата криза од здравствен аспект поради коронавирусот.
Италија е земјата
која е најпогодена од Ковид-19 на светско ниво, со дури 13,155 смртни случаи од
110,574 заболени, а откако УЕФА ја суспендираше Лигата на шампионите и Лига
Европа на неопределено време.
„Оваа сезона
повеќе нема никаква смисла, стопиравме се’, ниту една екипа нема да се врати на терените
како претходно, натпреварите би се играле пред празни трибини, но и во таква
ситуација се загрозува здравјето на спортистите“ вели Челино во интервјуто за „Газета
дело Спорт“.
„Според мене,
лудост е да се вратите на работа во еден ваков период, а доколку не присилат на
такво нешто, јас ќе го повлечам тимот и ќе ги губиме натпреварите службено со
3-0 без воопшто да се појавуваат на терен, а сето тоа како почит кон жителите
на Бреша и нивните блиски кои повеќе не се помеѓу нас“ порача Челино, а тој
реагираше и кон УЕФА откако од куќата на фудбалот во Европа ги суспендираа
Лигата на шампионите и Лига Европа со цел да им помогнат на европските
првенства да се организираат подобро за сезоната да биде комплетирана,
практично навестувајќи дека првенствата треба да се комплетираат целосно.
„Тие не можат да
притискаат се’, сезоната се
затвора на 30 јуни, период кога треба да се објават клупските буџети и
договорите на фудбалерите, тие се арогантни и неодговорни, тие единствено
мислат на економскиот интерес и куповите“ вели Челино.
„Но, УЕФА не може
да одлучи за италијанскиот шампионат, по тоа прашање одлучува Италија, а
доколку „Серија А“ мора да продолжи, сезоната мора да заврши на 30 јуни. Дали
ќе не натераат да играме натпревари секој втор ден? Или дали УЕФА исто така има
одредена моќ да ги продолжи деновите и да ги направи 72 часа? Доколку УЕФА сака
да стори нешто корисно, нека ни испрати машини за кислород, респиратори во
Бреша, би биле благодарни на тоа“ заклучи Челино.
На Бреша сезонава
и се заканува преселба во понизок ранг, од причина што овој клуб по 26 одиграни
кола во „Серија А“ се наоѓа на последното место на табелата, со дури 11 бода
заостанување зад Џенова која е на позиција вон опасната зона.