Јужна Кореја
формално се уште е во војна со Северна Кореја и има многу строг систем на воена
обврска. Сите воено-способни мажи мора да служат војска помеѓу 21 и 24 месеци
пред да наполнат 28 години.
Исклучок се прави
за спортисти кои ќе остварат врвен успех. Ова правило важи и за ѕвездата на
Тотнем, Хеунг мин Сон, не поради тоа што игра во силно фудбалско првенство како Премиерлигата, туку поради фактот дека во 2018 ја предовеше својата репрезентација до триумф и златен медел на Азиските игри. Сепак, тој не е целосно ослободен.
Со оглед на тоа
дека фудбалот во моментов е суспендиран поради пандемијата на коронавирус, Хеунг мин Сон сака да ја искористи паузата
за да ја обави должноста. Напаѓачот, кој пред една недела се врати дома, чека
абер од „островото“ дека фудбал нема да има во следните месец дена пред да
донесе конечна одлука.
Доколку добие
зелено светло, Хеунг мин Сон четири недели ќе служи војска.