Италија е
најпогодената земја од Коронавирусот, има преку 105.000 позитивни случаи и над
12.400 смртни случаи. Пауло Дибала, кој е позитивен на Ковид 19, за Фудбалската
федерација на Аргентина откри каква е состојбата.
„Многу луѓе умираат секој ден, состојбата е многу
лоша. Нема кој да ги лечи пациентите, затоа многу земји испратија доктори. Не е
лага, сите мораат да внимаваат. Луѓето мора да останат дома“ – вели напаѓачот.
За неговата
состојба, тој додава: „Кашлав многу, бев заморен, и кога спиев имав грозница. Во
прв момент не помислив дека може да сум заразен, но бидејќи двајца соиграчи беа
позитивни, ме тестираа. Клубот ни даде витамини и со тек на време се чувствував
подобар. Во прв момент бев исплашен, но сега се е во ред“.