ГДС: Без пријателите Бобан и Малдини, Ибра му кажува збогум на Милан

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ
е разочаран од правецот кој го одбрал Милан, па нема да го продолжи престојот
на Сан Сиро.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, Швеѓанецот требал да биде во центарот на проектот за
следната сезона и тимот кој го склопувале Звонимир Бобан и Паоло Малдини.

Сепак, работите
се променија, Звонимир Бобан доби отказ, а се верува дека иста судбина ќе го
снајде и Паоло Малдини. Генералниот извршен директор Иван Газидис има други
планови, па на Златан Ибрахимовиќ не му се допаѓа ваквиот развој на настаните и ќе замине по истекот на договорот.

Дали ќе стави
крај на кариерата или ќе реши да се испроба на друго место, останува да се
види.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×