Највпечатливиот голман во историјата на Турција, Речбер Рушту има коронавирус. Веста ја потврди неговата сопруга и информираше дека таа и децата се негативни на КОВИД-19.
„Би сакала да зборувам за убави работи, но во овој момент вистината е поинаква. Со жалење можам да соопштам дека мојот сопруг е позитивен на КОВИД-19 и е хоспитализиран во една клиника во Истанбул. Во шок сме, најлошо е што е во болница и не можеме да го посетиме. Беа направени тестови и брз мене и децата, тие се негативни“, напиша сопругата на Рушту на социјалните мрежи.
Најголемиот дел од својата кариера Рушту го помина во Фенербахче, но кариерата ја заврши во Бешикташ. Во еден период беше член и на Барселона.
Претходно позитивен на коронавирус беше и легендарниот турски тренер, Фатих Терим.