Пандев: Роси има најголемо влијание на мојата кариера, со Мурињо освоив сè, но би сакал да имав шанса да играм и за Клоп

by
1 минути читање

Горан Пандев во својата досегашна кариера работел под водство на повеќе тренери, посебно ги издвои Делио Роси, Жозе Мурињо и Волтер Мацари, а неостварена желба му е да игра за Јирген Клоп.

„Работев со Мурињо шест месеци во Интер и освоивме се. Тој е искрена личност, многу лојален, многу разговара со вас, знае како да ги менаџира играчите. Ви кажува се во лице, лично и пред тимот и во тој период со толку многу големи фудбалери, неговиот квалитет ја направи разликата“, вели Горан Пандев.

„Од оние тренери со кои не сум работел, би сакал да имав шанса да играв за Јирген Клоп. Навистина ми се допаѓа како играат неговите тимови. Но имав среќа да работам со одлични тренери од Делио Роси до Волтер Мацари, од нив научив многу. Би сакал сите да ги кажам, но листата е долга, не сум веќе момче“.

„Веројатно човекот кој има најголемо влијание за мојот развор е г-динот Делио Роси во годините во Лацио. Од него научив многу рабoти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×