Челниците на
светската фудбалска организација ФИФА преку видео комуникација разговараа три
часа во текот на вчерашниот ден со претставници на асоцијациите на фудбалери и
клубови, а во истиот разговор било побарано да се направат одредени промени во
светот на фудбалот во кризниов период со коронавирусот.
Како што пишува „Марка“,
од ФИФА сугестираат дека е потребно да се направат промени во фудбалот во овој
период за истиот да се адаптира на глобалната криза поради Ковид-19, а сите три
страни се свесни дека новото сценарио во фудбалот мора брзо да се адаптира, а
тоа би се искусило од идната седмица, кога е најавено да почнат со функција препораките
на ФИФА.
Иако во повеќето
клубови веќе се реши прашањето со помали плати во текот на пандемијата со
коронавирусот, што всушност е приоритет број еден поставен од ФИФА, останува
прашањето дали истата препорака би се испочитувала на глобално ниво, односно
дали би имало забелешки по тоа прашање.
Ситуацијата со
коронавирусот продолжува да го парализира фудбалот во светски рамки, првенствата
се суспендирани, а голема дискусија се води околу тоа кога би продолжиле
фудбалските возбудувања, иако на големо се шпекулира дека фудбалот годинава ќе
биде целосно во застој.
Во однос на пакетот мерки предложен од ФИФА, „Марка“ додава
дека клубовите нема да имаат можност да отпуштаат фудбалери или да раскинуваат
договори со истите, или стручните штабови, а креацијата на главен економски
фонд со стотици милиони евра во истиот, во кој секој фудбалер би учествувал, е
уште едно сценарио кое би можело да биде имплементирано.
Таквиот фонд би
донел гаранции за фудбалот да остане во својата моментална структура, а сите би
биле приклучени во истиот, меѓу кои и ФИФА, како и конфедерациите, федерациите,
фудбалерите, радиодифузерите и спонзорите, иако креацијата на овој фонд би течела
подолг период.
Крајот на
актуелната сезона останува се уште како отворено прашање, а секоја федерација
ќе се води од сопствената ситуација, но, секогаш конечната одлука ќе
соодвествува со тоа да не се наштети кон здравјето на луѓето.
Договорите на
сите професионални фудбалери предвидено е да се продолжат до крајот на
сезоната, со тоа што клубовите ќе ги покријат таквите трошоци, а новите договори би
почнале да функционираат веднаш штом новата сезона започне, па иако би имало
случаи да фудбалери однапред имаат договорено трансфер на лето, тоа не би
можело да се официјализира дур не заврши актуелната сезона во клубовите каде
настапуваат.
Веќе имаше најави
за тоа дека преодниот рок за трансфери ќе трае од јули до јануари, „Марка“ на
оваа тема пишува дека преодниот рок ќе трае 16 седмици, односно четири месеци,
а важно е да се напомене дека една од мерките е клубовите да не дозволуваат
нивни фудбалери да обавуваат обврски кон своите национални репрезентации.
Следниве примери
би биле подложни од санкции: клубовите да не ги исплаќаат своите фудбалери, фудбалерите да напуштат
држава каде е клубот без некоја соодветна причина, фудбалерите да не испраќаат
извештај за своите активности во карантин или самоизолација, клубовите да не се
грижат за здравјето на своите фудбалери, дискриминација во однос на потеклото
на фудбалерот, клубот да одби свој фудбалер кој е на позајмица да се врати, како
и одбивање на плаќање клаузули во активните договори.
Клубовите имаат
право да прекинат соработка со привремени работници, правило кое важи за оние
кои имаат работни обврски за време на деновите кога има фудбалски натпревари.