208
Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра имаше големо влијание на порастот на цените на сите фудбалери. Сумите значително се кренаа нагоре.
Очекувањата се дека и коронавирусот ќе изврши големо влијание, но овој пат цените на играчите ќе паднат.
Така размислува и директорот на Интер, Бепе Марота.
„Ќе видиме генерален пад на цените бидејќи проблемот е глобален. Ќе биде важно ресурсите да се насочат кон нашите академии“, вели Марота.
Фудбалските клубови трпат голем финансиски удар, значаен дел од нив веќе ги намалија платите на нивните фудбалери.