Фудбалот во Шпанија суспендиран на неопределено време

by
1 минути читање

Шпанските
фудбалски власти најпрво ги одложија натпреварите до 3. април, како што тоа го
сторија и други, меѓутиа моменталната ситуација со Ковид-19 налага да се носат
нови одложувања, па во Шпанија регистрираме нова одлука на таа тема.

Од Ла Лига денес
известуваат дека првенството ќе биде суспендирано на неопределен период поради
пандемијата со коронавирусот, а истото нема да продолжи се дури не добијат
зелено светло од шпанската влада.

Тамошните
фудбалски возбудувања официјално беа суспендирани на 12 март за најмалку две
кола, за потоа тимот на Реал Мадрид да отиде во самоизолација откако член на
кошаркарскиот клуб беше тестиран позитивен на Ковид-19.

Долга е
програмата натпревари во Шпанија за доигрување на актуелната сезона, „Примера“
има уште цели 11 кола до крајот, а во моментов лидер е Барселона со 58 освоени
бода, два повеќе во однос на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×