Премиерлигата ќе жртвува едно место во Лига Европа, сезоната ќе продолжи во јуни и ќе се доигра за шест недели?!

by
1 минути читање

Во четвртокот, ФА
имаше состанок со Премиерлигата и ЕФЛ на кој беше договорено суспензијата на сезоната
да трае до 30. април. Но исто како и во другите земји ширум Европа, и
клубовите од Англија се песимисти и не веруваат дека првенството ќе продолжи во мај, па се
прават планови за сезоната како така да се доигра и барем да се соберат парите
од ТВ правата.

Според пишувањата
на Телеграф, клубовите од Премиерлигата се подготвени да се откажат од едно мество
во Лига Европа за да се доигра сезоната.

Првите четири клубови на табелата одат
директно во групната фаза од Лигата на шампиони, следните два одат директно во
групната фаза од Лига Европа, а седмопласираниот тим игра квалификации за ЛЕ.
При едно вакво сценарио, жртва ќе биде токму местото преку квалификациите, кои
почнуваат во јули месец.

Планот исто така
предвидува превенството да продолжи на 1. јуни и да се доигра за само шест
недели. Натпреварите ќе се играат без присуство на публика. Потоа ќе следи краток одмор,
па нови подготовки и почеток на сезоната 2020/21 од средината на август.

Колку сето ова ќе
биде изводливо останува да се види во следниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×