180
Лоренцо Санц кој беше претседател на Реал Мадрид помеѓу 1995 и 2000 година, денеска почина во мадридска болница.
Тој беше позитивен на коронавирус, во вторникот беше хоспитализиран во болница откако претходно осум дена имал треска и неговата состојба се влошила. Додека бил во болница му бил направен тест кој покажал дека е позитивен на КОВИД 19.
Лоренцо Санц од 1985 година беше во раководството на Реал Мадрид, а десет години подоцна станува претседател. Во негово време играа Мијатовиќ, Шукер, Роберто Карлос, Сидорф, Јеро, Раул, Редондо…
Во тие пет години како претседател, Реал Мадрид два пати ја освои Лигата на шампионите, во 1998 и во 2000 година.