Лукаку донира 100,000 евра: Италија е неверојатна земја, сакам да и помогнам

by
1 минути читање

26 годишниот
напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку се приклучи во иницијативата да се помогне на
земјата најзасегната од коронавирусот, бројките се фрапантни, откако на Апенините
регистрираа смртни случаи со поголема бројка дури и од Кина.

Белгиецот имаше
видео обраќање до јавноста кое го сподели италијанскиот прволигаш, а во кое
наведе дека донира 100,000 евра во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, повика на
обединетост, но и да се почитува главната порака од властите, да се остане
дома.

Здраво на сите,
јас сум Ромелу Лукаку, а во овие тешки времиња треба сите да бидеме обединети,
да останеме дома
“ вели Лукаку на почетокот на своето обраќање.

Италија е
неверојатна земја која стори многу убави работи за мене и моето семејство,
токму затоа сакам да и помогнам на оваа земја со тоа што ќе донирам 100,000
евра за болницата „Сан Рафаеле“
“ додава тој.

Би било одлично
доколку вие би можеле да помогнете со поддршка до луѓето и болниците исто, да
останеме обединети и силни сите заедно
“ порача Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×