Јовиќ: Подготвен сум да ги сносам последиците

by
1 минути читање

Цела Србија го впери прстот во Лука Јовиќ кој во период на голема криза со коронавирусот од Шпанија се врати во Белград и ги прекрши правилата за самоизолација излегувајќи на улиците на српската метропола.

„Како што и претходно објаснив, ја прекршив изолацијата бидејќи не бев свесен за правилата. Знам дека е тешко да се поверува, но вистина е. Во Шпанија, дури и во Италија, секој што е во карантин може да излезе еднаш дневно да фрли ѓубре, да оди до аптека или до маркет. Па мислев дека и тука се истите правила. Моја грешка е што не сум запознаен подобро. Но мислам дека е важно да се објаснат добро работите, особено на луѓето кои пристигнуваат од странство. Како и да е, не сакам да ги обвинувам властите. Свесен сум за тоа што се случи, има и документ кој го покажува тоа. Моја грешка е, и подготвен сум да ги сносам последиците за моите постапки“, вели Јовиќ.

„Ќе повторам, не ми е проблем што треба да бидам дома. Добив документ дека ќе бидам изолиран во следните две недели и дека ќе бидам во контакт на телефон. Но во документот не пишуваше дека не смеам да одам до аптека или продавница“.

„Мојата фамилија добро ме познава и знаат дека не би дошол ако знам дека некој би ставил во опасност. Ова беше шок и за мене и за нив. Но тие секогаш ме поддржуваат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×