Горецка и Кимих донираа еден милион евра во борбата со коронавирусот

by
1 минути читање

Фудбалерите на
германскиот првак Баерн Минхен, Леон Горецка и Џошуа Кимих ја лансираа иницијативата
WeKickCorona“ со која
практично значи борба против коронавирусот, а обајцата донираа еден милион евра
во битката со пандемијата.

Горецка и Кимих
сакаат нивната платформа да се користи за добротворни цели, социјални и
медицински институции кои во моментов се поддршка и помош за лицата кои им е
потребно такво нешто во текот на пандемијата со Ковид-19.

Ние можеме да го
победиме коронавирусот ако настапиме сите заедно како еден тим, со оваа
платформа ние сакаме да им помогнеме на сите оние во Германија, кои воедно им
помагаат на другите. Ние сме свесни за фактот што нашата посветеност може да
донесе само мал допринос
“ рече Горецка.

Сите можат да
помогнат, некои повеќе, некои помалку, само ако сме сложни и дејствуваме заедно
во оваа битка, да покажеме карактер, можеме да излеземе од оваа криза, не е
важно дали ќе се помогне парично, или со одредени гестови, секоја симболична
помош е добредојдена во една ваква ситуација
“ се надоврза Кимих.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×