Капитенот на
францускиот првак ПСЖ, Тјаго Силва говореше отворено за состојбата со
коронавирусот, особено за тоа како стојат работите во неговата татковина
Бразил, каде тој во моментов се наоѓа.
Силва, како и
неговиот сонародник и соиграч Нејмар, е во Рио, таму замина пред Франција да ги
затвори границите, а тоа го сторија и други фудбалери интернационалци од други
првенства и клубови.
Во изјава за бразилски
„СпортТВ“, Силва не крие дека ситуацијата е мошне тешка, порача дека мора
сериозно да се обрне внимание и на храната во ваков период.
„Јас сум во
карантин, ова е ситуација која воопшто не е лесна, но човекот има секогаш
капацитет за адаптација на сите услови“ вели дефанзивецот.
„Мора да се
обрнува внимание и на храната исто така, ние не сме на одмор, ова е момент каде
сите треба да бидеме претпазливи, сите сме уплашени од тоа што се случува“
додава Бразилецот, а потоа тврди дека Франција не успеала успешно да менаџира
да се одбрани себе си како држава во оваа ситуација, а вели дека неговата
татковина има време за брза реакција.
„Во
Бразил, ние можеби се уште имаме време, се надевам дека кризава нема да биде
толку силна како во Европа, тоа е нашата надеж“ заклучи Силва.