Швајцарски прволигаш отпушти девет фудбалери откако одбија спогодба со клубот по кризата од Ковид-19

by
1 минути читање

Швајцарскиот
прволигаш Сион отпушти девет фудбалери од својот тим, меѓу кои и познати имиња
како Алекс Сонг и Јохан Џуру, екс членовите на Арсенал, откако тие одбиле
спогодба со клубот од финансиски карактер поради кризата од коронавирусот,
криза која секако навлезе сериозно во фудбалски рамки.

Претседателот на
Сион, Кристиан Константин преку порака ги известил фудбалерите уште во
вторникот дека од нив бара согласност да бидат под статус технички без договор,
нудејќи им финансиска спогодба поради кризата од коронавирусот.

Во однос на
понудениот договор од клубот, фудбалерите требало да бидат платени 9,600
швајцарски франци, сума која изнесува 80% од законската месечна плата во
Швајцарија.

Се наведува дека
многумина од фудбалерите не дале одговор на крајниот рок на клубот до среда
навечер, а некои ја одбиле истата понуда, за потоа деветмина да бидат ослободени
од нивните клупски обврски.

Сејду Думбиа,
Кристиан Зок, Пајтим Касами, Ермир Ленјани, Хавиер Куаси, Бирама Ндоје и Михаел
Фачинети исто така се отпуштени од клубот, покрај погоре наведените Сонг и
Џуру.

Седум од
споменатите фудбалери актуелните договори со клубот им истекуваат на лето
годинава, освен Фачинети чиј договор истекува идната, односно Куаси кој има
уште две години.

На втори март,
Швајцарија го суспендираше фудбалот до 23 март, а првиот човек на швајцарскиот
фудбал, Доминик Блан беше позитивен на тестовите за коронавирус. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×