Познат кувар ги откри состојките на „магичниот напиток“ кој ги чува фудбалерите на Баерн од коронавирус

by
1 минути читање

Европа и светот
се бори со епидемија на коронавирус, никој не е имун на заразата, но куварот на
Баерн Минхен има „магичен напиток“ кој ги чува фудбалерите од Ковид 19.

Во разговор со
Билд, 70 годишниот Алфонс Шухбек открива кои состојки играчите ги користат
секое утро за да го зајакнат имунитетот.

„Секое утро пијат
мала чашка исцеден сок од ѓумбир и лимон. Потоа мала чашка со омега-3 масло, ленено
семе и калинка. И на крај мала чашка со куркума и лук“
– објаснува Шубек.

Тој исто така
додава дека имунитетот не може да се подобри за три минути, и дека треба долг
период да се грижиме за нашето тело.

„Луѓето се
подготвени да платат многу за литар гориво во автомобилите, но се сакат да
платат две евра за литар гориво за нивното тело. Не можеме да го стартуваме
нашиот имунитетен систем за три минути. Треба да се грижиме и да правиме добри
работи за нашето тело на долг период. Мораме постојано да се храниме здраво“.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

×