Не е само Игуаин, карантинот на Јувентус го напуштиле и Кедира и Пјаниќ

by
1 минути читање

Даниеле Ругани
беше првиот играч во Серија А позитивен на коронавирус, па дури 121 член на
Јувентус беше поставен во изолација. И покрај тоа што препораките се карантинот
да трае 14 дена, попладнево беше објавено дека Гонзао Игуаин синоќа вечерта избегал и се
вратил во Аргентина.

Во прв момент
беше објавено дека полицијата не му дозволила да се качи во авион, но подоцна
беше пренесено дека Аргентинецот добил дозвола за лет откако Јувентус ги
известил властите дека играчот има дозвола да си замине дома бидејќи неговата
мајка е тешко болна а биле направени и тестови кои покажале дека Гонзало Игуаин
не е позитивен на коронавирус.

Последните
информации велат дека голгетерот не е единствениот кој го напуштил карантинот на
Јувентус. Сами Кедира исто така добил дозвола да отпатува кај своето семејство
во Германија, а Миралем Пјаниќ пак отпатувал кај своето семејството во Луксембург.

И врз двајцата
играчи биле извршени тестови кои донеле негативни резултати, па Јувентус дал
зелено светло тие да заминат бидејќи сезоната нема да продолжи во брзо време.

Сепак, јавноста во
Италија негодува бидејќи ова се случува во време кога од сите страни доаѓаат
совети да се седи дома, а фудбалерите добиваат специјален третман и дозволи да патуваат.

Претходно се
пишуваше дека во авионот со Гонзало Игуаин се качил и Родриго Бентанкур, но оваа
информација не е потврдена. Исто така, се очекува во скоро време и други играчи
да си заминат од Торино и да се вратат во своите земји.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×