Од Германската
фудбалска лига предупредија дека пандемијата со коронавирусот може да влијае на
стотици работни места, а таму фудбалот е суспендиран до 2 април, мерка која се
применува речиси во сите првенства во битката за справување со Ковид-19.
„Фудбалерите
знаат добро што се случува, таква е нивната работа, тие веќе се информирани за
мерките“ рече извршниот директор на Борусија Менхенгладбах, Стефан Шиперс, а од
Германската фудбалска федерација наведоа дека националниот тим ќе донира 2,5
милиони евра во кризата со коронавирусот во таа земја.
„Билд“ известува
дека Борусија Менхенгладбах е првиот професионален клуб во Германија каде
фудбалерите доброволно понудиле дел од своите примања, а истото го сториле и
тренерот Марко Росе, како и директорите во клубот, а тоа го потврди и самиот Шиперс.
„Тимот понуди дел
од своите плати доколку може со тоа да му се помогне на клубот и вработените во
него, целта е Борусија Менхенгладбах да преживее во оваа криза, настаната со
пандемијата од коронавирусот“ рече извршниот директор на клубот.
„За клубот да
преживее мораме сите активно да се вклучиме во максимална посветеност, да
работиме сите заедно“ додаде тој во изјавата.
Фудбалската
индустрија во Германија во моментов брои околу 56,000 вработени.