Во Италија
излегоа две верзии за случајот со Гонзало Игуаин, напаѓачот на Јувентус за кого најпрво „Ла Република“ извести дека се обидел да избега од карантинот и заедно со
своето семејство да замине во неговата родна Аргентина.
Познато е дека во
италијанскиот првак има два позитивни случаи на Ковид-19, поточно Даниеле
Ругани, односно Блес Матуиди, па „Старата дама“ е во карантин, а таквите услови
важат и за самиот Игуаин за кого исто како и останатите во тимот е предвидена
самоизолација.
Меѓутоа, „Ла
Република“ информираше дека Игуаин бил спречен во своите намери од страна на
полицијата, иако им покажал документ од тестот дека е негативен на коронавирус,
тие го спречиле во своите намери, наложувајќи му да се придржува до препораките
и да остане во самоизолација.
Во меѓувреме, „Тутоспорт“
изнесе нова верзија на случајот со Аргентинецот, тој наводно веќе отпатувал во
својата татковина за да биде близу својата мајка, која инаку е болна од рак, а
за тоа добил и приватен авион од Јувентус, дополнително и документ дека е негативен
на коронавирус.
Сето тоа се
случило ноќеска, најпрво напаѓачот го информирал клубот, а приватниот лет бил
одобрен и овозможен од Јувентус, а програмата на патувањето е иста како што
претходно извести и „Ла Република“, најпрво Франција, па Шпанија, од каде
требало да отпатува за Јужна Америка.
Полициските
службеници инаку веднаш побарале детални информации од Јувентус за настанот,
односно потврда на приложените документи, а воедно клубот бил
предупреден за евентуални компликации.
„Газета дело
Спорт“ пак, додава дека освен Игуаин, на истиот приватен лет бил и неговиот
соиграч, Уругваецот Родриго Бентакур, обајцата заедно со своите семејства во
авионот.