Според пишувањата
на „Ла Република“, Гонзало Игуаин се обидел да „избега“ од карантинот и да
отпатува за неговата родна Аргентина заедно со своето семејство, и покрај
фактот што двајца негови соиграчи од Јувентус беа тестирани позитивни на
коронавирусот.
Весникот во
својата онлајн едиција тврди дека полицијата го сопрела Игуаин на аеродромот во
Торино во моментите кога тој се обидувал да се качи на приватен лет, а воедно
Аргентинецот им покажал тест во кој се потврдува дека е негативен на Ковид-19.
Како и да е,
периодот на инкубација се уште е во тек откако неговите двајца соиграчи Даниеле
Ругани и Блес Матуиди беа позитивни на тестот за Ковид-19, а на Игуаин му било
наредено да остане во самоизолација најмалку уште една седмица.
Регуларните
летови до Аргентина од Италија се суспендирани, а „Ла Република“ пишува дека
Игуаин заедно со своето семејство имале намера да ја поминат границата со
Франција, а потоа од Шпанија да одлетаат за Јужна Америка.