Милан ставен во незгодна ситуација, Рафаел Леао треба да му плати 16,5 милиони евра на Спортинг

by
1 минути читање

Рафаел Леао во
јуни 2018 еднострано го раскина договорот со Спортинг откако навивачите на
„лавовите“ влегоа во тренинг центарот и физички нападнаа неколку играчи и дел
од персоналот.

Португалецот
потоа како слободен играч потпиша за Лил, а по 12 месеци во Франција, минатото
лето направи трансфер во Милан вреден 35 милиони евра.

Но Спортинг никогаш
не се помири со ваквиот развој на настаните, и поднесе тужба против Рафаел Лео
до Судот за спортска арбитража. ТАС сега пресуди во корист на клубот од Лисабон
и му нареди на фудбалерот да плати 16,5 милиони евра.

Лил никаде не се
споменува во пресудата, но Милан е ставен во незгодна ситуација. Доколку Рафаел
Леао не плати, напаѓачот ќе биде суспендиран и нема да може да игра. Па
веројатно „росонерите“ ќе треба финансиски да го помогнат играчот со цел да не
го загубат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×