Светот трепери од
коронавирусот поради кој Светската здравствена организација прогласи пандемија,
а на европско тло најзасегната е Италија во која има дури 35 илјади случаи на
заболени, од кои близу 3,000 го загубија животот во битката со Ковид-19.
Освен
здравствените институции кои постојано апелираат да не се излегува надвор без
некоја посериозна потреба, односно да се остане во својот дом, во апелите
активно се приклучија и спортистите, спортот е засегнат од случувањата, а
истото важи и за фудбалот.
Првенствата се
суспендирани, а регистриравме и многу случаи на заболени фудбалери, особено од
италијанската „Серија А“, од таму, поранешниот долгогодишен член на Јувентус,
Клаудио Маркизио на социјалните мрежи се одзва со директна порака до
несовесните граѓани на Италија кои не ги почитуваат препораките.
„За сите вие кои
денеска излеговте надвор без некоја посебна причина, браво (аплауз), вие сте
идиоти“ напиша 34 годишниот Маркизио.