Преговорите
помеѓу Вилијан и Челси се во застој, сега поради пандемијата со коронавирусот,
а Бразилецот вели дека и во случај да има потреба да настапува за
Премиерлигашот откако неговиот договор истече, тоа и ќе го стори.
Договорот на
Бразилецот со Челси истекува претстојното лето, меѓутоа во Премиерлигата сега
следиме една доста неизвесна ситуација околу тоа како ќе заврши актуелната
сезона, со оглед на фактот што истата во моментов е суспендирана, па останува
дилемата дали ќе заврши според планот во програмата.
„Мојот договор
навистина истекува, мислам дека во јули тоа ќе се случи“ вели Вилијан за „Еспорте
Интеративо“.
„Доколку има
потреба да играм во тие датуми, во тие месеци, мислам дека не би имало никаков
проблем од моја страна до крајот на сезоната, со тоа што би докажал колку сум
лојален на овој клуб, од причина што клубот секогаш беше со мене, без оглед на
некаков потпишан документ“ додава тој.
„Но, се уште не е
јасно, ситуацијата не е сигурна, не знаеме што ќе се случи, како и да е, како и
секогаш, јас и сега сум подготвен да го дадам максимумот за овој клуб без оглед
на случувањата со договорот“ посочи 31 годишниот Вилијан кој наведе дека пандемијата
со коронавирусот е дополнителен проблем во преговорите.
„Нема ништо ново
во преговорите, особено со оглед на моменталната ситуација со коронавирусот,
речиси се’ е стопирано, нема
вести за ништо околу оваа ситуација“ заклучи тој.
Кога сме веќе кај
Вилијан, Френк Лампард претходно јавно ја повика управата на клубот да се
договори со искусниот фудбалер за продолжување на соработката, меѓутоа постоеа
одредени компликации околу тоа колку години треба да добие тој во договорот.