На Островот најавуваат: Кариерата на Погба во Манчестер јунајтед е завршена, клубот ја постави цената

by
1 минути читање

„Сан“ известува
дека во Манчестер јунајтед веќе се подготвени да се разделат со Пол Погба, кој
подолг период се шпекулира дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“, па веќе се
наведува и сумата по која Французинот би можел да си замине.

Во Манчестер
јунајтед наводно се подготвени да ги разгледаат понудите за 27 годишниот
Французин во висина од околу 100 милиони евра, а од поодамна се споменува Реал
Мадрид како негова можна следна дестинација.

Најава за трансфер бомба, Рајола вели: Сакам летоска да донесам големо име во Реал Мадрид!

Актуелниот
договор на Погба со Манчестер истекува идната година, но во истиот има опција
за дополнителни 12 месеци, опција што му дава на клубот комотност во
преговорите со заинтересираните клубови за потписот на Французинот кој сезонава
поради повреда не беше во целост на располагање на Оле Гунар Солшер, па така
одигра седум меча на кои запиша две асистенции.

Овие вести
доаѓаат како демант на изјавите на Солшер кој посочи дека неговите очекувања се
Погба да остане во клубот и по крајот на летниот преоден рок, а претходно,
агентот на фудбалерот, Мино Рајола во јануари посочи дека неговиот клиент е
посветен на клупските обврски до лето.

Јасно е дека со
Погба односот на релација Рајола-Солшер своевремено се стави во една доста
непријателска атмосфера, а контроверзниотиталијански агент во својата последна
изјава најави дека работи на голем трансфер во Реал Мадрид на лето, па
медиумите со тоа го поврзаа Пол Погба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×