Самоизолацијата им создава мака на фудбалерите, играч од Премиерлигата ја изневерил сопругата со нејзината сестра!

by
1 минути читање

За да се спречи
ширењето на коронавирусот и заразата да се стави под контрола, сите треба да
седат дома, а оние кои биле во контакт со личност позитивна на Ковид 14, мораат во самоизолација 14 дена.

На најголемиот
дел од луѓето ова им е проблем, а психолот Стив Поуп вели дека особено им е
мака на фудбалерите, кои не одат на тренинг, не играат фудбал и нема каде да ги
трошат милионите.

Тој открива дека
добил дури 50 повици за помош, еден играч од Премиерлигата ептен ја оплескал
работата откако ја изневерил сопругата со нејзината сестра.

„Фудбалерите,
особено оние познатите, потребен им е адреналинот од играње пред публика.
Потребен им е работниот режим, односно тренинг и планирање на следниот
натпревар. На некој начин, тие се опседнати луѓе, прават исти работи секој ден,
и животот не им е ист без нив“
– вели Стив Поуп за Сан.

„Фудбалските ѕвезди цутат
кога се во центарот на вниманието, обажаваат да го победат противникот, да
постигнат победонесен гол, да направат значајна интервенција. Доколку им го
одземете тоа, им ги одземете дневните рутини, ќе настане празнина. Тие се
навлечени на фудбалот, и без фудбалот да им го крене адреналинот, ќе најдат
нешто друго. Како што знаеме, некои фудбалери мака мачат да останат на прав пат
и кога има фудбал“.

„Откако беше
донесена суспензија на првенствата, телефонот не престана да ми ѕвони. Фудбалерите
не знаат што да прават. Еден играч ми се јави пред некој дена, ми рече дека ја
оплескал работата откако се направил камен пијан и ја изневерил сопругата со
нејзината сестра“.

„Оние со кои
разговарам, веќе патат од стрес и анксиозност, и се движат кон депресија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×