Селекторот на Германија: Живеевме за моќ, пари, алчност и што поголем профит… коронавирусот е одговорот на природата

by
1 минути читање

Јоаким Лев вчера
се појави на видео прес коференција која ја организираше Фудбалската федерација
на Германија по одлуката на УЕФА да го одложи ЕВРО 2020, и неизбежна тема беше епидемијата на коронавирус која го зафати
светот.

Селекторот на
„панцерите“ порача дека заразата е одговор на природата на темпото на живот кое
го наметнале луѓето во последните години и нивниот фокус кон моќ, алчност, пари и
што поголем профит.

„Целиот свет е
засегнат од коронавирусот и повеќе ништо не е исто како претходно. Одлуката да
се одложи Европското првенство, според мене е исправна, немаше друга алтернатива
“ – вели Јоаким
Лев.

„Случувањата во
последните два-три дена ме натераа на размислување“.

„Мислам дека
природата се брани од луѓето и нивните акции. Луѓето секогаш мислат дека знаат
сè, и дека можат да прават што сакаат. Темпото кое го наметнавме во последните
неколку години повеќе не можеше да се издржи. Фокусот кон моќ, алчност, пари и што
поголем профит и подобри резултати. Од друга страна, природните катастрофеи
како пожарите во Австралија, или еболата во Африка не допре само маргинално.
Сега, искусуваме нешто што допира до сите луѓе ширум светот, и почнуваме да
сфаќаме што е најважно: семејството, пријателите, другите човечки суштества, да
комуницираме едни со други, да покажеме почит. Работи кои секогаш трбеа да ни
бидат на прво место. Сега кога ќе прашате некого како е, тоа навистина го мислите“.

„Мора да бидеме
внимателни, да си помагаме и да се придржуваме до правилата. Фудбалот е важен, но
има работи кои се многу поважни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×