Ако треба ќе се игра до крајот на јули, но Серија А мора да заврши

by
1 минути читање

УЕФА го одложи Европското првенство, а тоа дава поголема надеж дека домашните првенства може да завршат и покрај актуелната ситуација со коронавирусот.

Коронавирусот се уште не го достигнал својот пик во Европа, ситуацијата не се подобрува, напротив, станува полоша, но претседателот на ФФИ, Габриеле Гравина размислува позитивно.

„Почнавме да пополнуваме календар кој би почнал од 3 мај и би траел до 30 јуни. Треба да видиме и кога ќе се играат европските натпреварувања и репрезентативните“, вели претседателот на ФФИ, Габриеле Гравина.

„Никогаш не сум ни помислил дека сезоната може да заврши тука, бидејќи со тоа би се изгубила надежта кај фановите и би испратели негативна порака. Внимавам на спортскиот, економскиот и социјалниот аспект и на работите гледам со оптимизам. Спортот и фудбалот ја отсликуваат надежта на луѓето дека можеме да ги вратиме работите во нормала“.

„Сега за сега датумот кој го предвидуваме за продолжување е 3 мај, но доколку треба да го пролонгираме ќе го сториме тоа, мора да ја завршиме сезоната. Исто така може да има финансиски дефицит од 700 милиони евра доколку Серија А не заврши“.

„Идеалниот датум за крај е 30 јуни, но подготвени сме ако треба да играме и до 30 јули“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×