394
Фиорентина е еден од најзагрозените тимови од кофонавирус во Италија, клубот досега ги имаше потврдено Душан Влаховиќ, Патрик Кутроне и Герман Пецела.
Денеска претседателот на клубот, Роко Комисо информираше дека ситуацијата станува уште полоша.
„Имаме тројца членови кои се во болница и други кои се контаминирани и седат дома, вкупно 8-10 позитивни случаи“, изјави Комисо.
Според италијанските медиуми, еден од членовите кои се во болница е шефот на лекарскиот тим на Фиорентина, Лука Пенге.
Фиорентина донираше околу половина милион евра за болниците кои се справуваат со коронавирусот во Италија.