Сампдорија најави молк за да не се крева паника, Јанкто откри: Дури 15 луѓе во клубот имаат коронавирус!

by
1 минути читање

Маноло Габијадини
беше вториот играч од Серија А заразен со Ковид 19, потоа позитивни беа уште
неколку фудбалери на Сампдорија, за клубот на крајот да реши да не открива нови детали за
да не се крева дополнителна паника со оглед на состојбата во Италија.

Сепак, Јакуб
Јантко во разговор со медиумите од Чешка сподели дека дури 15 лица имаат Ковид
19.

„Моето цело
семејство е затворено во апартман и не можеме да мрднеме, па фрустрирачко е тоа
што сме во толку мал простор. До сега, 15 лица се позитивни на коронавирус, но
бројката може да биде многу поголема. Јас бев во директен контакт со еден
соиграч кој беше позитивен, па не сум сигурен за моето здравје. Се чувствувам
добро и се надевам дека не сум заразен, но можно е да го имам вирусот само се
уште да не знам. Се обидувам да не мислам на тоа. Сè што можам е да ги почитувам
правилата и да останам во изолација“
– вели фудбалерот од средниот ред.

Италија е
најпогодената земја од коронавирусот во Европа, до сега починаа речиси 3.000 луѓе,
само 475 во последните 24 часа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×