165
Откако Валенсија
соопшти дека дури една третина од фудбалерите и персоналот на првиот тим е
позитивен на коронавирус, попладнево Алавес соопшти дека и тие имаат голем број на
заразени, или поточно 15.
Се работи за тројца
фудбалери, седум членови на тренерскиот персонал, и уште петмина вработени од
групацијата Алавес-Басконијa.
Алавес играше
против Валенсија на 6. март,
па веројатно тука почнала да се шири заразата, а кој на кого му пренел
коронавирс, тешко е да се каже.