Челси во пол-позиција во трката за потписот на Кутињо

by
1 минути читање

Шпанскиот весник
„АС“ наведува дека Филипе Кутињо би можел да се врати во Англија, меѓутоа не во
Ливерпул од каде направи трансфер во Барселона, па така големи се шпекулациите
дека Баерн Минхен, каде Бразилецот моментално настапува како позајмен, нема да
ја активира опцијата да го откупи неговиот договор.

Челси е екипата
која во моментов води во трката за потписот на 27 годишниот плејмејкер, а
дополнително „АС“ тврди дека Премиерлигашот веќе има и првични контакти со
Барселона околу потенцијален трансфер на лето, а се чека на реакцијата на
фудбалерот.

Кутињо мошне
веројатно е дека нема да биде во преден план кај Кике Сетиен за идната сезона
во Барселона, а во Челси се мошне активни на трансфер пазарот со повеќе
алтернативни опции, иако засега непознато е каква ќе биде реакцијата со
Премиерлигашот околу иднината на Вилијан, чиј договор со клубот истекува
претстојново лето, а нема никакви сигнали дека 31 годишниот Бразилец ќе ја
продолжи соработката.

Во меѓувреме, „Мундо
Депортиво“ извести дека Барселона ја намалила бараната цена за услугите на
Кутињо, па така сега истата изнесува 80 милиони евра, ако се земе во предвид
опцијата вредна 120 милиони евра која ја има Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×