Интер во Марсијал гледа идеален наследник на Лаутаро

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед би можел да остане без својот 24 годишен напаѓач Ентони Марсијал, во
случај тимот предводен од Оле Гунар Солшер да не успее да обезбеди учество во
Лигата на шампионите за идната сезона.

Се шпекулира дека
францускиот напаѓач е голема желба на Интер, а „Калчомеркато“ информира дека
италијанскиот прволигаш во него гледа идеален наследник на Лаутаро Мартинез,
кој се
поизвесно е дека ќе
си замине од Милано, а се наведува Барселона како негова можна следна
дестинација.

Како и да е,
вреди да се напомене дека Марсијал беше во повеќе наврати на излезна врата од
Манчестер, откако најпрво Жозе Мурињо фрустриран од немањето константност во
формата на Французинот, сакаше да го замени со Иван Перишиќ, но, раководството
на Манчестер јунајтед одговори негативно на тие барања на Португалецот, а на
Островот во меѓувреме шпекулираат дека Марсијал е помеѓу омилените фудбалери на
Џоел Глејзер, кој е дел од сопствеништвото на клубот.

Во моментов, по
одиграни 29 кола во Премиерлигата, Манчестер јунајтед е на петтото место на
табелата, со три бода заостанување зад четврто пласираниот Челси, односно два
бода повеќе во однос на Вулверхемптон.

Што се однесува
пак до Марсијал, тој на 23 настапи успеа да запише 11 погодоци, а воедно има и
одлична соработка на теренот со големото засилување Бруно Фернандеш кој го
препороди составот на „Црвените ѓаволи“ кој во последните десет меча во сите
конкуренции е без пораз, односно со дури осум победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×