Иако се обидуваше
во повеќе наврати, Арсенал не успеа да се договори со Обамејанг за тој да стави
потпис на нов договор, па така во тимот од Лондон кројат планови за тоа како да
не останат со празни раце во летниот преоден рок.
„Спорт“ објави дека
Арсенал веќе поставил цена од 55 милиони евра за потписот на својот напаѓач, а
се наведува дека Барселона и натаму останува прва опција на напаѓачот во случај
да си замине од Арсенал.
Нема дилеми во
тоа дека Обамејанг е клучен играч во замислите на Микел Артета во Арсенал, но,
и покрај напорите на клубот, извесно е дека тој ќе си замине на лето.
Барселона наводно
веќе имала првичен контакт со агентот на напаѓачот во јануари, а Каталонците
подолг период се во потрага по наследник на Луис Суарез во нападот,
дополнителна причина се појави и со повредата на Уругваецот на подолг период.
Очекувањата се
Барселона да го реобнови интересот за Обамејанг токму на лето, а иднината на Габонецот се чини дека
повеќе нема никаква поврзаност со тоа дали Премиерлигашот ќе обезбеди место во
Лигата на шампионите за идната сезона, или нема да успее во тие намери.