194
Франција како и
најголемиот дел од земјите во Европа воведе карантин и го ограничи движењето на
граѓаните за да се спречи ширењето на коронавирусот. Од ова не се поштедени и
фудбалерите, кои мора да останат дома и таму да работат на својот фитнес.
Според пишувањата
на „Ле Паризиен“, нема ниту трага, ниту глас од Нејмар кој обично е прилично
активен на социјалните мрежи.
Па весникот
прашува каде е напаѓачот, и дали тој го напуштил Париз. Една теорија вели дека
голгетерот пред неколку дена избегал од градот на светлината со приватен авион и се вратил во
родниот Бразил каде ситуацијата не е толку алармантна.