Како што пишуваат
медиумите од Шпанија, 76 годишниот Лоренцо Санц е префрлен на интензивна нега во
болница во Мадрид. Неговата здравствена состојба е сериозна поради
коронавирусот.
Поранешниот претседател
на Реал, неколку дена имал симптоми на настинка и докторите го предупредиле
дека може да е заразен со Ковид 19. Си оглед на возраста, поранешниот прв човек
на „кралевите“ спаѓа во ризичната група на граѓани и го чека тешка борба во
следните денови.
Во меѓувреме, од
таборот на Еспањол соопштија дека шест членови на првиот тим и тренерскиот
персонал се позитивни на коронавирус.
„Сино-белите“ не
го открија идентитетот на лицата, само посочија дека нивната здравствена
состојба е добра.