Премиерлигата со радикален план: Сите 92 натпревари до крајот на сезоната да се играат без публика на неутрален терен

by
1 минути читање

УЕФА синоќа го одложи
ЕВРО 2020, континенталниот собир ќе се игра следната година, па со ова се отвара
простор првенствата да финишираат во јуни месец. Сепак, во моментов тешко е да
се каже дали и едно вакво сценарио ќе може да се реализира бидејќи никој не
знае кога епидемијата на коронавирус ќе биде ставена под контрола.

Клубовите од
Премиерлигата утре ќе имаат состанк на кој ќе одлучат како понатаму, а според Сан,
на маса ќе се најде и еден радикален план.

Весникот пишува
деака неколку клубови ќе предложат сите 92 натпревари до крајот на сезоната да
се играат без публика и да се емитуваат на ТВ. Идејата е мечевите да се играат
на два или три неутрални терени, и да се игра фудбал на секој три дена.

Тоа што ќе се
игра на неутрален терен треба да спречи домашните фанови да се собираат пред
стадионот како што беше случајот на пресметката помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд,
а тоа што ќе се користи лимитиран број на стадиони ќе придонесе за што помал
број на медицински лица и полиција да бидат потребни за одржување на натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×