Јанг порача: Ние треба да сме обединети, да останеме дома

by
1 минути читање

Ешли Јанг во
јануари си замина од Манчестер јунајтед, па така неговиот трансфер во Интер ги
потврди најавите за едно такво сценарио во јануарскиот преоден рок, а искусниот
бек се приклучи на иницијативата која владее во сиот свет како дел од мерките
за справување со коронавирусот.

Италија е
најзасегната земја на европско тло, „Серија А“ е суспендирана, исто како и
другите првенства, а главната мерка која властите ја порачаа е да се остане
дома и да се излегува само во најитни случаи, за што повикува и самиот Јанг во
своето видео обраќање на социјалните мрежи.

Здраво на сите,
јас сум Ешли Јанг, во текот на оваа деликатна ситуација, ние мораме да бидеме
обединети и да останеме во своите домови, заедно како тим
“ порача 34 годишниот
Јанг кој запиша еден гол и две асистенции во неговите досегашни настапи за „Нероаѕурите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×