184
Состанокот на
УЕФА се утше трае, но веќе на големо се пишува за дел од одлуките. Веќе излезе
информацијата дека ЕВРО 2020 е одложено и ќе се игра следната година.
Последните извештаи
на медиумите велат дека паднала и одлука за нови термини за финалето од Лигата
на шампиони и Лига Европа. Завршницата од најелитното европско натпреварување
ќе се игра на 27. јуни, а три дена претходно, на 24. јуни ќе биде завршницата од најмасовното натпреварување.
Се уште не е
јасно кога ќе се играат одложените мечеви од осминафиналето, како и дуелите од
четвртфиналето и полуфиналето, и дали може да има фајнл-фор завршница.